НЕМА ОТСТАПКИ Наставата ќе биде со физичко присуство
Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано - рече Филипче.
Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство Филипче.
– Единствениот начин да им се помогне на децата е да се вакцинираат возрасните, за да се заштитат родителите и постарите лица, како бабите и дедовците. Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано – рече Филипче.
Тој потенцираше за реакциите на граѓаните за започнувањето на наставата со физичко присуство, кои се од разбирливи причини, при што рече дека се подготвени да дадат други препораки за образовниот процес.
– Сите сценарија и модели се спремни во министерството за образовение, доколу ситуацијата се влоши, сепак се надевам дека до тоа нема да дојде. Според ланското искуство кај онаа бројка на деца кои беа на училиште, кај нив немаше трансмисија на вирусот. Ние ќе ја следиме состојбата, протоколите се подготвени за училиштата и можеме да интервенираме во било кој момент – истакна министерот.
Тестирање на децата, кое е препорачано од СЗО и УНИЦЕФ, засега нема да има. Но, ако има индикација за тоа, ќе се направи рапид тестирање на учениците, но за тоа ќе одлучи епидемиолог.