НЕМА ОДМОР ЗА БРИТНИ СПИРС За два дена се врати на Инстаграм, објави видеа, свршеникот го нема (ВИДЕО)

„Се вратив. Ја прославив свршувачката викендов. Сè уште не можам да верувам“, стои во описот на објавената фотографија. Пејачката објави и две видеа на кои танцува на Инстаграм.

386

Првин рече дека ќе се одмори од социјалните мрежи за да ја прослави веридбата со Сем Асгари, а потоа за два дена пак го активираше својот Инстаграм-профил за да објави видео од себеси кое сепак е старо: Бритни Спирс пак е во фокусот на вниманието, пишува Индекс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)






„Се вратив. Ја прославив свршувачката викендов. Сè уште не можам да верувам“, стои во описот на објавената фотографија. Пејачката објави и две видеа на кои танцува на Инстаграм.

Бритни, за жал, уште не објави нови фотографии со својот вереник, поради што нејзините обожаватели почнаа да поставуваат прашања.

„Дали некој забележал дека ова најверојатно не е напишано од неа?“, „Се чини дека нешто не е во ред тука“, „Вратете ѝ Инстаграмот на Бритни“, „Каде е Бритни?“, „Што е ова?“, беа само некои коментари.

Многумина од фановите легитимно се прашуваа каде отидоа нејзините црвени прамени коса кои ги имаше на претходните снимки со својот вереник.

„Сакаме видео каде Бритни вели дека е добро“, додаде еден од обожавателите. Некои, пак, се јавија и напишаа дека нема причина за тревога, тврдејќи дека тоа се стари фотографии и снимки кои Бритни едноставно сега решила да ги објави.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

За потсетување, пред помалку од една недела, Бритни на Твитер напиша дека прави пауза од социјалните мрежи за да ја прослави свршувачката и да го деактивира својот профил на Инстаграм.

Пејачката и нејзиното долгогодишно момче Сем Асгари неодамна се верија по петгодишна врска. Веста за свршувачката дојде само неколку дена откако нејзиниот татко Џејми Спирс одеднаш побара да му се прекине старателството над пејачката по 13 години.

Поврзани содржини