НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА РАСПУСТОТ Комисијата за заразни болести предлага учениците в четврток да тргнат на училиште
Владата попладнево расправала за предлогот на Комисијата и било решено да го свика главниот координативен Кризен штаб за повторно да расправа за оваа одлука.
Нема продолжување на распустот заради новиот бран на заболени од ковид-19. Учениците да се вратат во школските клупи на 20 јануари, предложи денеска Комисијата за заразни болести која заседаваше зад затворени врати.
Владата попладнево расправала за предлогот на Комисијата и било решено да го свика главниот координативен Кризен штаб за повторно да расправа за оваа одлука.
ТВ 24 од свои извори дознава дека нема ниту предлог за нови мерки за заштита од коронавирусот. На денешниот состанок на Комисијата не се дискитурило за тоа. Се зборувало како да се организира системот, болниците, епидемиолозите како да ја следат состојбата со оглед на големиот наплив од заболени. Не се разговарало ниту за минатонеделниот предлог, изолацијата на асимптоматските случаи да се намали од 10 на 7 дена и дали ќе се официјализира на Влада.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на зимскиот распуст за 2 недели. Сметаат дека така е најдобро за децата и дека бројот на заразени ќе се намали.
Наведуваат дека во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
– Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме продолжување на зимскиот рапуст за две недели. Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето – велат од партијата.