НЕМА НИШТО НЕЗАКОНСКО ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА СО ОПШТИНСКИ ПАРИ Касами се консултирал со стручни лица
Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска изјави дека финансирањето на „Албанската академија“ ќе го вршат четири општини, додавајќи дека тоа е во согласност со законот, информира Телеграфи.
– Одговорот го дадоа стручни лица за оваа работа, кои го наведоа и Законот за локална самоуправа и за академска дејност, каде што е утврдено дека една од формите на финансирање на научните дејности се општините. Значи, тоа е јасно прашање врз основа на Законот и определбата на четворицата градоначалници, кои се обврзаа да ја поддржат оваа иницијатива – рече Касами.
Врз основа на динамиката и одобрувањето на буџетот за следната година и ова прашање ќе биде ставено на дневен ред, порача лидерот на Беса.