НЕМА НИКАКВА БУГАРИЗАЦИЈА Мицкоски одработува за туѓи интереси, има очигледна антидржавна агенда

Наместо конструктивност и кооперативност, секој важен процес Мицкоски го злоупотребува во обид да спечали некој ситен политички поен. Мицкоски воопшто не мисли на интересите на граѓаните и државата, нему му се битни единствено личните и партиските интереси, стои во соопштението од партијата.

671

Секогаш кога државата се наоѓа во деликатни состојби и важни процеси, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за дополнително да ја отежнат позицијата на државата. Со таквото однесување, станува јасно дека Мицкоски одработува за туѓи интереси, велат од владејачката СДСМ.

– Наместо конструктивност и кооперативност, секој важен процес Мицкоски го злоупотребува во обид да спечали некој ситен политички поен. Мицкоски воопшто не мисли на интересите на граѓаните и државата, нему му се битни единствено личните и партиските интереси – стои во соопштението од партијата.






Оттаму додаваа дека деструкции, блокада на институциите, поткопување на државните позиции, тоа е сè што знае и може Мицкоски.

– Таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одамна е препознаено од јавноста и затоа граѓаните, СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат Мицкоски заради туѓи интереси да ја врати државата во режим изолација и неизвесност. Антидржавната агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде поразена – реагираат од СДСМ.

Во партиското соопштение се вели дека се потврди очајната лага ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква бугаризација.

– Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните – велат од партијата на власт, додавајќи дека по којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија – пишуваат од Бихаќка

Според нив, желбата на ВМРО-ДПМНЕ е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја поддржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти. Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај – велат од СДСМ.

Поврзани содржини