„НЕМА МЕСТО ЗА ИЗРАЕЛ ВО РЕГИОНОТ“ За Хезболах настаните од 7 октомври се херојски

Хезболах додаде дека „нема место“ за Израел во регионот и дека тој „мора да биде отстранет, без разлика колку време е потребно“.

293

Во соопштение Хезболах се осврна на првата годишнина од нападот на Хамас врз Израел. Хезболах уште еднаш ја изрази својата верба во својата способност да ја „одбие израелската агресија“ и вети дека ќе ја продолжи борбата.

Вооружената група со седиште во Либан е сојузник со Хамас, и двете се поддржани и финансирани од Иран. Хезболах ги опиша настаните од 7 октомври како „херојски“ и истакна дека тие ќе имаат „историски“ ефекти во регионот.






Хезболах додаде дека „нема место“ за Израел во регионот и дека тој „мора да биде отстранет, без разлика колку време е потребно“. Тие ги прозваа „САД и нивните сојузници“ за насилството во Газа и Либан, што следеше по нападите на Хамас.

Поврзани содржини