Нема маска, нема да леташ, жена отстранета од авион, патниците ракоплескаат ВИДЕО

3,420

Видео направено од патникот Џордан Слејд, а кое се појави на ТикТок стана хит бидејќи на снимката се гледа како сите патници во авионот се радуваат и ракоплескаат откако на една патничка не и било дозволено да лета бидејќи не сакала да стави заштитна маска.

На видеото се гледа моментот кога жената била исфрлена од летот на „American Airlines” од Охајо во Северна Каролина на 19-ти јули. Жената се спротивставила на правилата за летање, во кои се наведува дека сите мора да носат маска за да летаат, тврдејќи дека не би можела да носи маска поради здравствената состојба.






– Можете да плескате колку сакате – вели жената додека ја изнесуваат од авионот.

 

Поврзани содржини