НЕМА КОЈ ДА ДАВА ГОЛОВИ Милан влегува во големи проблеми

Францускиот напаѓач беше исклучен во 90. + 3. минута од натпреварот со Лече (2:2) во 12. коло од Серија А поради расправии со судијата.

141

Фудбалерот на Милан, Оливие Жиру ќе ги пропушти следните два натпревари на „росонерите“ во италијанското првенство.

Францускиот напаѓач беше исклучен во 90. + 3. минута од натпреварот со Лече (2:2) во 12. коло од Серија А поради расправии со судијата.






Дисквалификацијата на играчот е за два натпревара. Така Жиру ќе ги пропушти средбите со Фиорентина на 25 ноември и Фросиноне на 2 декември.

Оваа сезона 37-годишниот Жиру одигра 11 натпревари во Серија А за Милан, постигна седум гола и три асистенции.

Уште еден проблем за Милан е тоа што повреден е Рафаел Леао, кој ќе паузира со фудбалот најмалку три недели.

Поврзани содржини