НЕМА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СО ТРЕТА ДОЗА Имаа 99 заразени, но 4-5 дена по примената вакцина

Филипче повтори дека како трета доза, се препорачува да биде примена вакцината Фајзер. Притоа е неважно која вакцина била аплицирана во првите две дози.

891

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во овој момент нема пациент кој примил трета доза вакцина, а е хоспитализиран.

– Досега, 99 пациенти вакцинирани со трета доза се дијагностицирани како позитиви и обично дијагнозата е четири до пет дена по примената трета доза. Има само еден смртен случај, но со друга тешка здравствена состојба – рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање дали има пациенти кои примиле трета доза и се заразиле со ковид, биле хоспитализирани или починале.






Филипче повтори дека како трета доза, се препорачува да биде примена вакцината Фајзер. Притоа е неважно која вакцина била аплицирана во првите две дози.

– Фајзер е препорачана да биде третата доза, независно која е првата и треба да се добие шест месеци од примената втора доза. Ова не важи за Синофарм и Синовак, како и за имунокомпромитирачките пациенти. Кај нив третата доза треба да се прими по три месеци од втората доза. Тоа се препораките секаде во светот кои и ние ги следиме – објасни Филипче.

Во врска со 22-годишното момче кое почина во Битола и чие семејство обвинуваше за лекарски грешки, министерот информира дека е завршен надзорот од Санитарниот инспекторат.

– Поднесени се веќе и документите до Лекарската комора за иницирање на стручниот надзор – рече Филипче.

Поврзани содржини