Нема гушкање и ракување на свадба, дозволено е играње ама во 4 квадрати
Дозволени се свадбени прослави на отворено, но гостите не смеат да се поздравуваат со ракување, гушкање или било каков друг вид на физички контакт.
Владата вчера ги усвои предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести според кои се олабавуваат рестриктивните мерки.
Дозволени се свадбени прослави на отворено, но гостите не смеат да се поздравуваат со ракување, гушкање или било каков друг вид на физички контакт.
Ова денеска на прес конференција, по новинарско прашање го објасни портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
– На влез да има поставено и да се користи задолжително средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси од трите страни. Забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите. Музика, односно ангажирање на естрадни уметници е дозволено само при организирање на свадби, а музичарите треба да бидат оддалечени 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пејат меѓу гостите – вели Хоџа.
Тој додава дека дозволено е играње на подиум со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице со почитување на препорачаната дистанца.
Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот Хоџа рече дека во моментов не може да ја кажат висината на казните за непочитувачите на протоколите, а контролите ќе ги извршуваат надлежните институции.