НЕМА ДЕН, А ДА НЕ ПОМИСЛАМ НА НЕСРЕЌАТА Јанчев вели дека бил eдинствен легален учесник во сообраќајот во случајот

Направив сè што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути. Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа, пишува во реакцијата на пратеникот Сашко Јанчев.

2,535

Нема ден, а да не помислам на сообраќајката во Марино, а власта шири црна пропаганда против мене, реагира пратеникот Сашко Јанчев од Левица за кого денеска Јавното обвинителство покрена обвинение за несреќата во која загинаа 16-годишниот Матеј Димовски, додека неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.

„Најпрво, жал ми е за сè што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив сè што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути. Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа“, пишува во реакцијата на Јанчев.






Тој ѝ забележува дека, како што вели, го користи случајот за црна кампања и негира дека бил пијан, дрогиран или дека возел бесно. Тој тврди дека му се заканувала пратеници од власта и  дури и дека премиерот суптилно му се заканил во интервју.

Јанчев тврди дека не се повикува на никаков пратенички имунитет.

 

Поврзани содржини