НЕМА ДА ЗАВЛАДЕЕ МИР ВО ЕВРОПА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Русија се однесува како империја, предупредува чешкиот претседател
Не велам дека Русија, откако ја заврши војната во Украина веднаш ќе почне војна со НАТО, но може да продолжи со хибридна војна, а тоа и ќе го прави, вели претседателот на Чешка, Петр Павел.
Илузија е дека Русија ќе се откаже од хибридните напади врз европските земји, рече претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите од Средното воздухопловно училиште во Куновице.
– Русија нас, како држави и членка на НАТО, нè означува како непријател и би било наивно да се преправаме дека тоа не е случај. Русија е земја, која, за жал, се однесува како империја и се обидува да владее и да ги контролира земјите околу неа – истакна Павел.
Тој предупреди дека е голема илузија дека во Европа ќе завладее мир откако ќе заврши војната во Украина и дека Русија ќе се однесува како пријателска држава.
– Не велам дека Русија, откако ја заврши војната во Украина веднаш ќе почне војна со НАТО, но може да продолжи со хибридна војна, а тоа и ќе го прави – посочи Павел.