НЕМА ДА СЕ ЗАБОРАВИ ПОГРОМОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ Како ќе се одбележи 11. Март

Денот на депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка ќе се одбележи со положување цвеќе на неколку спомен-обележја во Скопје, Штип и Битола, каде живееле повеќето од македонските Евреи.

119

Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март – Денот на депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка.

Делегации на Собранието ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од каде биле најголем дел од депортираните македонски Евреи во 1943 година.






Во Битола ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Утре, 10 март, собраниска делегација ќе положи цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип.

В недела, 12 март, собраниска делегација ќе оддаде почит на жртвите Евреи од Скопје. Ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на 7.144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта – Градски гробишта Бутел.

Поврзани содржини