НЕМА ДА СЕ ЧЕПКА ВО АВТОНОМНОСТА НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ, АМА ЌЕ СЕ БАРА ОТЧЕТНОСТ Новиот закон ќе донесе повисок квалитет на високото образование

Без оглед дали се млади или стари универзитетите, ние квалитетот на високото образование мора да го поткренеме и не може да постои дискриминација во однос на годините на постоење на универзитетот, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

30

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки, додаде таа.






– Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што реков, ние на секој универзитет ќе имаме јавна расправа, со почеток од следната недела, каде што академската заедница ќе може јавно да ги даде своите примедби или коментари или дискусии. Секако, ќе водиме сметка, сè што е издржано да биде вклопено во законот. Без оглед дали се млади или стари универзитетите, ние квалитетот на високото образование мора да го поткренеме и не може да постои дискриминација во однос на годините на постоење на универзитетот. Сите наставници и сите студенти треба да бидат рамноправни и да ги исполнуваат одредбите и условите предвидени за сите на целата територија – вели Јаневска.

Таа нагласи дека автономијата на универзитетите со овој закон, никако не е чепната.

– Не се навлегува во автономијата, но, отсега натаму ќе се бара отчетност. Ние во овој момент бараме само да заживее отчетноста без никакво мешање во нивната академска слобода – вели министерката.

 

Поврзани содржини