НЕМА ДА ПЛАТАМ МИЛИЈАРДА ЗА ДА БИДАМ ВО ОДБОРОТ ЗА ГАЗА Рама демантира дека Трамп му побарал пари за учество
Претходно, Рама на Фејсбук го сподели писмото од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бил лично поканет да ја претставува Албанија во „Одборот за мир за Појасот Газа“. Подоцна, Рама на Фејсбук напиша дека се лаги шпекулациите дека за учетството Албанија треба да плати милијарда долари.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска остро реагирал на платформата Икс, по веста дека Албанија наводно ќе плати милијарда евра за членство во „Одборот за мир во Газа“ на Доналд Трамп. Според него, станува збор за политички мотивирана лага која се шири на социјалните мрежи и во некои медиуми.
„Некои тврдења дека Албанија ќе плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа се лага. Денешна Албанија е меѓународно почитувана земја, а мојата посветеност е насочена кон довербата што ни ја дадоа албанските граѓани и кон почитта на светската сцена“, нагласил Рама.
Потоа тој парафразираше стара поговорка:
„Колку повеќе лаат кучињата, толку подалеку се движи караванот“.
Претходно, Рама на Фејсбук го сподели писмото од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бил лично поканет да ја претставува Албанија во „Одборот за мир за Појасот Газа“.
Рама изразил благодарност за довербата од Вашингтон и истакнал дека ќе стори сè за да го воздигне достоинството на Албанија на меѓународната сцена.