НЕМА ДА НОСИМЕ РЕШЕНИЈА ПОД ПРИТИСОК СО КОИ ЌЕ ЈА ЗАДОЛЖУВАМЕ ДРЖАВАТА Мицкоски соопшти дека буџетот веќе има дневни загуби од милион евра

Премиерот вели дека граѓаните не треба да се во дилема дека владата има имаме јасен правец, јасна насока каде се движи и нема да избрзува со носењето решенија за надминување на ситуацијата.

82

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок, оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања за нови мерки на владата.

Во однос на тоа дали ќе има дополнителни интервенции за намалување на ДДВ-то и на други производи, премиерот кажа дека во буџетот веќе има загуби на дневна основа кои бројат милион евра на ден, но оти како Влада владеат со ситуацијата.






– Во овие тешки моменти како држава мораме да излеземе. Но имаме план имаме јасен правец, јасна насока каде се движиме и тука не треба никој да има дилема. Проблемот е тука. Јас не мислам да беседам на прес-конференции и да очајувам и да создавам паника кај граѓаните. Мојата цел е да кажам дека ние како Влада, ја владееме ситуацијата, точно знаеме каде одиме, и немаме никаква дилема, предизвици ќе има, тешко, не е лесно. Многу ни се собра 2,5 милијарди треба да вратиме. Го враќаме и оној солидарен данок. Од април почнуваме со исплата на платите од новите колективни договори. Се некако наеднаш дојде. Но тоа е што е сега. Нема да очајуваме, ќе се бориме – рече Мицкоски.

Рече дека нема да избрзуваат со потези и оти не треба под притисок да се носат решенија.

-Да видиме како ќе се одвива работава, да не брзаме со потези, анализираме. Не треба под притисок да се носат решенија. Подобро малку назад чекор да видиме, да се изанализира состојбата па потоа да направиме два напред. Така што не ни се брза. Не сакаме под притисок да носиме одлуки и решенија, коишто може да имаат сериозни последици. Овие впрочем долгови што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото – рече Мицкоски, при посета на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.

Поврзани содржини