НЕМА ДА МУ БИДЕ ЛЕСНО НА МИЛАН ДА ГО КУПИ БАРДИ За Македонецот се заинтересирани уште три шпански клубови

Како што објавија шпанските медиуми, Реал Сосиедад, Бетис и Селта Виго се вклучиле во трката по потписот на Барди, а наводно Селта пројавува најсилен интерес за нашиот репрезентативец.

720

Освен тоа што италијанскиот фудбалски гигант неодамна објави дека е заинтересиран за услугите за македонскиот репрезентетивец и играч на Леванте, Енис Барди, сега во трката за фудбалерот се вклучија уште три шпански клубови.

Како што објавија шпанските медиуми, Реал Сосиедад, Бетис и Селта Виго се вклучиле во трката по потписот на Барди, а наводно Селта пројавува најсилен интерес за нашиот репрезентативец.






Клубот од Виго сака да го искористи фактот дека на Барди во јуни му истекува договорот со Леванте и тој може да замине во Селта како слободен играч.

Инаку факт е дека во следната сезона Леванте ќе игра во Втората лига во Шпанија, само чудо може да го спаси оваа пролет од испаѓање во Ла Лига.

Поврзани содржини
na