Во денешното телевизиско обраќање до нацијата по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц и пренесе уверување на Украина за германска солидарност во нејзината борба против рускиот напад.
– Путин нема да победи во оваа војна. Украина ќе истрае – истакна Шолц.
Според германскиот канцелар, годинава овој датум добил посебно значење бидејќи две земји кои некогаш биле жртви на нацистичка Германија (Украина и Русија) сега се во војна, која, како што наведе, ја започнала Русија.
Тој, исто така, порача дека Германија ќе обезбеди хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина.
Германскиот кацелар додаде дека „нема да има мир, диктиран од Русија“.