НЕМА ДА ИМА ЛГБТ СОДРЖИНА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО БУГАРИЈА Радев ги игнорираше ЕУ и активистите и го потпиша указот на новиот закон

Новиот бугарски закон наведува дека „дејствата поврзани со пропаганда, промовирање или поттикнување на кој било начин, директно или индиректно, на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или утврдување родов идентитет различен од биолошкиот се забранети“.

387

Бугарскиот претседател Румен Радев ги игнорираше повиците на Советот на Европа и на граѓанските активисти да стави вето на новиот закон кој забранува секаков вид образовни програми за „нетрадиционална сексуална ориентација“ во бугарските училишта.

Не помогнаа ниту шест илјади луѓе во Бугарија потпишаа петиција против законот.






„Нетрадиционалната сексуална ориентација“ во законот е дефинирана како „различна од општоприфатените и вградени во бугарската правна традиција поими за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол“.

Законот против ЛГБТИ беше отфрлен од претходниот состав на бугарскиот парламент, но сегашното Народно собрание го усвои само по две читања откако брзо беа усвоени амандманите на партијата Преродба со помош на ГЕРБ (ЕПП) и левичарската БСП (ПЕС).

Новиот бугарски закон наведува дека „дејствата поврзани со пропаганда, промовирање или поттикнување на кој било начин, директно или индиректно, на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или утврдување родов идентитет различен од биолошкиот се забранети“.

 

н

Поврзани содржини