НЕМА ДА ИМА ЕНОРМНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Пресметките на премиерот се дека е можно цената да биде повисока од 0 до 1%

Премиерот убедува дека се исполнети  двата услова, односно пратениците вчера го изгласаа дополнувањето на Законот за енергетика, како и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената не електричната енергија. 

348

Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, по поставувањето на камен-темелникот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, нагласи дека се исполнети  двата услова, односно пратениците вчера го изгласаа дополнувањето на Законот за енергетика, како и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената не електричната енергија.






– Кога го поднесував дополнувањето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација дека и двата услова се исполнети. Вчера беше изгласан законот, а од страна на ЕВН добив информација дека е оптимирано до максимум. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган – рече Мицкоски.

Како што рече, според неговото предзнаење во областа, не очекува да има зголемување за првата и втората категорија.

– Според моето предзнаење во оваа област не очекувам да има зголемување за првата и втората категорија или тоа би било минимално, односно под 1% или вкупното зголемување да биде двојно помало од инфлацијата, односно да се движи од 0 до 1%. Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, откако овие два услови се исполнети, а тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика – рече Мицкоски.

Поврзани содржини