НЕМА ДА ИМА ЕКСТРАДИЦИЈА ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“ Спасовски вели дека тие мора да си ја одлежат казната овде

Во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча во чест на осумте припадници на единицата „Тигар“ кои загинаа на 8 и 9 мај 2015 година во антитерористичката акција во „Диво насеље“.

170

Терористичка група која што е осудена за настаните во кумановската населба „Диво насеље“ мора да ја издржи својата казна и да носи одговорност, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање за барањето од соседно Косово за екстрадиција на осудените за „Диво насеље“.

– За мене воопшто не може да се разговара за каква било екстрадиција за луѓе коишто сакаа да ги нарушат мирот и стабилноста на државата – рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.






Во рамките на одбележувањето во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча во чест на осумте припадници на единицата „Тигар“ кои загинаа на 8 и 9 мај 2015 година во антитерористичката акција во „Диво насеље“.

Поврзани содржини