НЕМА ДА ГИ ПОГУБИМЕ 8-ТЕ ЖЕНИ, ТВРДИ ИРАН Трамп е доведен во заблуда со лажни вести
Некои веќе се ослободени, додека други се соочуваат со обвиненија кои, доколку бидат осудени, би можеле да резултираат со затворски казни во најлош случај, објави иранското судство.
Иранското судство негираше дека 8 жени ќе бидат погубени, откако американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара помилување за нив.
„Трамп повторно е доведен во заблуда со лажни вести“, соопшти официјалната веб-страница на ирансото судството, Мизан онлајн.
„Жените за кои се вели дека се соочуваат со егзекуција… Некои веќе се ослободени, додека други се соочуваат со обвиненија кои, доколку бидат осудени, би можеле да резултираат со затворски казни во најлош случај“, се вели во објавата.
Трамп претходно изјави на социјалните мрежи дека нивното ослободување би можело да му користи на Иран во преговорите. Тој сподели активистичка објава во која се тврди дека 8 жени чекаат егзекуција со бесење.
Тврдењето не ги вклучуваше имињата на жените, само фотографии.