НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ФИРМАТА НА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДАКА ДА ГРАДИ ВО МАКЕДОНИЈА Ќе ја спречиме, иако ги исполнува сите услови, вели Петрушевски

Им се заблагодариме на СДСМ, кои многу добро ги знаат сите фирми на Дака, со кои нивниот шеф Заев веројатно има соработувано и заработувано, за укажувањето дека фирмата Хронос Сум била во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака - рече Петрушевски.

175

Прорускиот бизнис-партнер на Зоран Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, кој е на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија – рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се види со Дака и да направат некаков бизнис.






Во аудио снимката која пред неколку години излезе на социјалните мрежи, Дака вели дека дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште на Заев за возврат да добие услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Освен Заев, во аудио снимката на која разговараат Дака и Зоки Милески Кичеец, кој инаку е главен посредник на Заев во случајот, се споменува и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Заев, што значи дека тогашната власт на СДСМ и те како добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името.

Ја користиме оваа прилика за да им се заблагодариме на СДСМ, кои многу добро ги знаат сите фирми на Дака, со кои нивниот шеф Заев веројатно има соработувано и заработувано, за укажувањето за фирмата Хронос Сум дека била во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави како што правеше власта на СДСМ и Заев, туку напротив, веднаш ќе ги преземе сите законски можности за оваа фирма да не гради и да не инвестира во енергетски објекти, иако фирмата ги има исполнето сите услови и законски критериуми, нешто што во времето на СДСМ и Заев беше мисловна именка – рече Петрушевски.

Поврзани содржини