НЕМА ЧЕПКАЊЕ НА УСТАВОТ АКО БУГАРИЈА НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА ТОА Е ПОСЛЕДНО БАРАЊЕ Мицкоски не дава бланко поддршка

„Бараме јасна гаранција од страна на бугарскиот парламент дека ако се отвори и сe затвори Уставот во Македонија, тоа значи дека на тој начин се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И дека сѐ додека Македонија не биде дел од ЕУ, нема да имаме повеќе дополнителни барања од страна на нашиот источен сосед. Само под тие услови можеме да разговараме“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

736

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија нема да поддржи отворање на Уставот, сѐ додека не добиеме јасни гаранции од Бугарија дека нема да има дополнителни барања од нив потоа.

– Дали сум оптимист? Јас сум секогаш оптимист, но во случајот со Бугарија некако работите како да одат во една безнадежна ситуација. Кога велам безнадежна ситуација, тука пред сѐ мислам на немањето на стратегија од страна на Владата и oд надлежните кои што ги водат тие преговори. Она што е важно да го знае македонскиот народ е дека што и да се случи во јуни на Европскиот совет, кога ќе се одлучува дали Бугарија ќе го тргне ветото односно ќе се повлече од ветото, е дека и најголемото предавство кое што го подготвува оваа влада нема да кулминира со отпочнување на преговори. А зошто? Затоа што ќе има услови во таа преговарачка рамка, доколку владата во Софија се одлучи да се повлече од ветото. А еден од тие услови е отворање на Уставот –  истакна Мицкоски во Карбинци.






Тој додаде дека за отворање на Уставот се потребни две третини од пратениците од парламентот.

– Јас бев прилично јасен и ќе го повторам ставот на ВМРО-ДПМНЕ: нема отворање на Уставот додека не добиеме јасна гаранција од страна на бугарскиот pарламент дека ако се отвори и se затвори Уставот во Македонија, тоа значи дека на тој начин се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И дека сѐ додека Македонија не биде дел од ЕУ нема да имаме повеќе дополнителни барања од страна на нашиот источен сосед. Само по тие услови можеме да разговараме – нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека доколку тоа го нема на маса, а тој документ го нема изгласано бугарскиот парламент, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи отворање на Уставот и отворање на Преамбулата.

Како што повтори денеска бугарскиот претседател Румен Радев, позицијата на Софија е исто така јасна – без Бугарите во македонскиот Устав, нема преговори меѓу Македонија и ЕУ. Никакви гаранции не се спомнуваат.

Видео од изјавата на Христијан Мицкоски:

Поврзани содржини