НЕКУЛТУРА Финска школа, балкански отсек!
Паркот на франкофонијата жртва секоја саботна вечер - да е само до паркот...
Сабота навечер лумпуваат во Паркот на франкофонија, ѓубрето го оставаат. Како во Финска!
Негрижата за животната средина почнува од новокомпонираната „елита“ на властодршците и збогатените и завршува во расфрланите отпадоци, искршените клупи, т.н. урбана опрема, малтретирањето на животните… А во центарот на главниот град има само еден јавен тоалет! Недалеку од запустената главна пошта.
Семоќните владеат и се богатат, немоќните посакуваат бегство и во меѓувреме го истураат бесот кај што можат.
(ФБ статус на Владимир Милчин)