НЕКОНТРОЛИРАНО И ЕНОРМНО ТРОШЕЊЕ ВОДА ВО СКОПЈЕ Загубите од 65% се предизвикани од диви приклучоци и од наводнување со питка вода

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ упати апел до граѓаните, доколку забележат див приклучок, да го пријават, нагласувајќи дека таквите приклучоци предизвикуваат директна штета врз системот за водоснабдување и дека го нарушуваат квалитетот на услугата за сите корисници во Скопје.

481

Во текот на вчерашниот ден согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ констатира повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 метри кубни.

Како што информираат оттаму како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.






„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и за совесна употреба на водата за пиење, како и за избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење базени и сл. Воедно и апелираме до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење“, се наведува во соопштението.

Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65% не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и други објекти, како и поради користење питка вода наместо техничка за полевање земјоделски површини.

„Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или на www.vodovod-skopje.com.mk. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, велат од јавното претпријатие

Поврзани содржини