Неколку зачудни мисли од зад затворени врати во зло време

Дали од ова зло време, кое секако ќе го преживееме, ќе излеземе похумани или пак помалку хумани?

3,673

Кои сме? Што сме? Од каде доаѓаме? Што правиме овде? Каде одиме?

Во каков свет живееме?






Среќен поединец во несреќно општество или несреќен поединец во среќно и богато општество?

Див поединец во хаотично општество или цивилизаран граѓанин во организирано општество?

Варваризам или цивилизација?

Што е среќа? Личното, материјално богатство, физичкиот изглед, полниот стомак, или здравјето на човекот?

Капитал или човек?

Неодоворност кон себе и околината или грижа и одржување на беспрекорното отчукување на биолошкиот часовник кој го мери нашето време и го продолжува нашето постоење на планетата Земја во оваа форма во која објективно се самопознаваме?

Секое право подразбира и обврска.

Твоето право те обврзува да го почитуваш правото на другиот.

Не барај права ако не си ги исполнуваш обврските кон себе и кон другиот.

Твојата слобода, а со тоа и твоите права, завршуват на еден сантиемтар пред мојот нос.

Оној момент кога ќе ми го допреш носот, а тоа може да биде твојата тупаница, твојата глупост, незнаење, немарност или било што друго што ја нарушува мојата слобода, е агресија која ги повредува моите права. За тоа следуваат консеквенци.

Тоа некои го викаат самоодбрана, некои борба за опстанок, некои баланс во природата.

Пред законот сите се еднакви. И млади и стари, и богати и сиромашни, и умни и глупави, и болни и здрави.

Според законот, сите добиваат тоа што заслужиле.

Спред природата, сите сме различни. Секој е свој свет, со своја болка во коленото.

Колку партијата, идеологијата иили религијта имаат врска со тоа што мене ме боли лакт или колено?

Кој е виновен за моето колено? Партијата и религијта или јас? Идеологијата или биологијата?

Да се живее пасивно со жестоката природа или таа да се менува за да не ме боли коленото?

Глупоста не е заразна, но таа не се лечи.

Образованието ограничува, но тоа не е глупост. Тоа се лечи, со постојано самонадградување и со самообразување.

Се плашиме да бидеме сами, ама и да бидеме заедно со други и за други.

Пеколот се другите, или пеколот сум си јас самиот на себе?

Како да се помири личното и општото во корист на хуманото?

Природата на човекот не се менува. Тој/таа исто сака и мрази као што сакал и мразел и пред илјадници години. Неговите нагони за глад, за секс, за љубов, за одржување и преживување, не се изменети ни за микрон. Тој е исто толку себичен и агресивен како што бил и порано. Денес, меѓутоа, затоа човекот што е свесно битие, суштество кое го одвојува од животните и кое е на повисоко ниво од нив човекот може тие свои нагони, својата природа поуспешно или помалку успешно да ја контролира и да управува со неа.

Постојам, и јас сум одговорен за моето постоење, какво и да е тоа. Зад секој мој избор се крие опасност, но јас свесно ја преземам таа одговорност, за да можам да одам понатаму.

Дали од ова зло време, кое секако ќе го преживееме, ќе излеземе похумани или пак помалку хумани?

(Авторот е режисер, живее во Њујорк)

Поврзани содржини