Неколку лица се уапсени за нападот врз Љупчо Палевски

Палевски на 17 септември беше  нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.

3,161

Имаме приведено осомничени лица и моментално се работи на целосно расчистување на случајот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со нападот врз претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски.

Палевски на 17 септември беше  нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.






Тој беше хоспитализиран во болница со нанесени тешки телесни повреди.

Поврзани содржини