НЕКОИ НОВИ ДЕЦА ЌЕ ГИ ПАМЕТАТ НЕГОВИТЕ СТИХОВИ Фановите веќе цела година тагуваат по легендарниот Ѓоле (ВИДЕО)
Кога си заминуваат најголемите, остануваат празнини кои е тешко да се пополнат, а такво беше заминувањето на Џоле. Февруари 2021-ва година, кога си замина великанот, ќе остане запаметен по збогувањата на семејството, пријателите и обожавателите. Неговите стихови ги обединуваа луѓето 40 години, па неговото заминување го обедини регионот.
Пред точно 12 месеци, фановите ширум светот останаа шокирани ги погоди веста од смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, но сеќавањето за него не исчезнува.
Денеска Нови Сад и обожавателите ширум светот уште еднаш ќе се потсетат на некои од многуте хитови.
Балашевиќ си замина на 19-ти февруари, 2021-ва година, а неговата смрт ги потресе обожавателите на неговите лик и дело ширум регионот. Кантавторот почина поради компликации со коронавирусот.
Кога си заминуваат најголемите, остануваат празнини кои е тешко да се пополнат, а такво беше заминувањето на Џоле. Февруари 2021-ва година, кога си замина великанот, ќе остане запаметен по збогувањата на семејството, пријателите и обожавателите. Неговите стихови ги обединуваа луѓето 40 години, па неговото заминување го обедини регионот.
Меѓутоа, иако сите беа шокирани од ненадејната смрт на Балашевиќ, една година по неговата смрт, неговото семејство се најде на удар на јавноста. Причините за критиките беа многубројни, меѓу другото, фановите на Џоле му замериле на неговото семејство што ги избришало видеата на Јутјуб кои ги направиле. Станува збор за креативни видеа претежно компонирани од неговите обожаватели.
Имено, се пишуваше дека на нивно остранување инсистирале наследниците на авторските права, односно неговото семејство. Кога негодувањата стануваа погласни, на социјалните мрежи се огласуваше неговото семејство.
Во годината без Џоле, неговото семејство откри дека постои и писмо, односно мејл што тој го испратил неколку месеци пред смртта, како проштална порака. Иако семејството не зборувало за деталите, медиумите открија дека Балашевиќ се обидел навреме да ги подготви за живот без него.
Во мејлот се зборувало за тоа што треба да направи неговото семејство кога ќе го нема. Неговата ќерка Беба тогаш изјави дека нема да биде објавена ниту една реченица што им ја напишал, бидејќи тоа е нешто помеѓу него и нив, дека ќе го почитува неговиот збор и дека сите треба да знаат дека сè што прават се всушност негови желби.
Иако неговиот лик и дело нè напушти, тој продолжи да живее, пред сè преку песни кои освен што продолжија да се изведуваат, беа вклучени и во српските учебници. Во учебникот за осмо одделение е „Дрвена песна“, додека учениците од одделенијата од основното образование ќе ги учат „Д-мол“ и „Девојчето со чардашките нозе“.
Споменот на панонскиот морнар ќе биде зачуван во музејот во неговиот роден град. Музејот ќе се вика „Ателје на соништата“, а ќе се гради во Универзитетскиот парк. Нема да биде класичен музеј, постојано ќе се менува и ќе работи 24 часа.
Семејството Балашевиќ ги замоли сите негови фанови да не ја одбележуваат годишнината од смртта на легендарниот Џоле.
„Одбележувањето на денот кога некој твој си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради недостаток на почит, туку токму спротивното. Се сеќавате на него секој ден, го среќавате во безброј мали дневни настани, од улицата по која сте поминале, песните што ги коментирате, спортскиот настан, средбата со заедничките ликови…“, напишала неговата ќерка Беба.
Таа додала дека ако сакаме да ја покажеме нашата почит, благодарност, љубов и среќа што сме сакале некого, пологично е тоа да биде денот кога тој дошол на овој свет, а не кога си заминал од него.