НЕКОИ ГРЧКИ ПЛАЖИ НАПЛАЌААТ ЗА ЛЕЖАЛКАТА НА СЕКОИ 4 ЧАСА? Турист раскажа што му се случило во Неа Каликратија
Лежалките се веднаш десно од спасителот на плажата, односно делот од плажата што гледа во правец на главното шеталиште, пишува еден фејсбукџија во познатата група „Грчка инфо“.
Фејсбукџија на познатата група „Грчка инфо“ напишал дека на една плажа во местото Неа Каликратија за лежалка му биле одново побарани пари по четири часа.
„Неа Каликратија, чисто за инфо и патем, прашање дали го има секаде или… не знам кое кафуле е, ама доаѓаш сабајле, земаш лежалки и пијачка, па после четири часа доаѓаат да ве известат дека треба повторно да платите за лежалки и пијалоци. Со други зборови, на секои четири часа плаќате лежалки и сте обврзани да се напиете нешто. Лежалките се веднаш десно од спасителот на плажата, односно делот од плажата што гледа во правец на главното шеталиште. ЕДИТ: Порачуваме пијалоци, нормално, за да се освежиме, не седиме со еден пијалок цел ден. Јадеме нешто, земаме сладолед … Ама темата се лежалките“, напишал овој член на групата.