„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад
Русија со алармантна порака по нападите врз Иран, се споменува трансфер на нуклеарна сила.
По нападите на САД врз Иран во текот на ноќта, некои земји се подготвени да му го предадат своето нуклеарно оружје на Техеран, напиша на Телеграм каналот заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.
– Повеќе земји се подготвени директно да го снабдат Иран со своето нуклеарно оружје – рече Медведев.
Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп требало да биде миротворец, но дека започнал нова војна.
Нагласи дека „апсолутното мнозинство земји во светот се против постапките на Израел и САД“.
– Со таков успех, Трамп никогаш нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај подмолноста на оваа номинација. Добар почеток, честитки, господине претседателе – рече Медведев.
Според него, по нападот врз Иран, САД се нашле вовлечени во нов конфликт што може да доведе до копнена интервенција. Медведев е уверен дека Иран ќе ја продолжи својата нуклеарна програма по нападите на САД и дека клучната инфраструктура не е сериозно оштетена.
– Што постигнаа Американците со нивниот синоќешен напад врз три точки во Иран? Клучната инфраструктура на нуклеарниот циклус, очигледно, не е оштетена или е оштетена само малку – рече Медведев.
Тој посочи дека збогатувањето на нуклеарни материјали и идното производство на нуклеарно оружје ќе продолжат.
Американскиот претседател Доналд Трамп рано изутрината соопшти дека САД синоќа нападнале три постројки за збогатување ураниум во Иран и дека сите три постројки се целосно уништени. Според него, постигнат е „спектакуларен воен успех“, објави Би-Би-Си. Нуклеарните постројки кои изминатата ноќ беа цел на американските бомбардери се Фордо, Натанц и Исфахан.