НЕКОЈ ВЕДНАШ ЈА ДРПНА НОВАТА WC-ШОЉА Штотуку беше поставена во јавен тоалет
Овој пример објаснува зошто во Македонија јавните тоалети се во ужасна состојба.
Поставениот јавен тоалет во населбата Баби во Штип не издржа долго бидејќи останал без тоалетна шолја.
Очигледно, некому му затребала WC-шолја за дома, па решил да ја украде од јавниот тоалет.
Како што може да се забележи oд прилогот на „Телевизија Стар“ шолјата повеќе ја нема во тоалетот. Граѓаните велат дека се згрозени од овој чин.
Во Македонија јавните тоалети со години се во ужасна состојба, и граѓаните постојано бараат тие да се одржуваат ида се реновираат. Но и кога ќе се реновираат, овој пример покажува што се случува со нив.