НЕКОЈ СЕ ИГРАШЕ СО ВИКИПЕДИЈА Се пишуваа и бришеа навредливи содржини на профилот на министерот Османи

Во еден момент  во образложението за тоа како се чита на македонски јазик името на  министерот  Османи  беше напишано „Бугар Осамени“.

2,538

Непознат администратор денеска се  поигра со англиската верзија на слободната енциклопедија Википедија  кај профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тоа беше проследено и со коментари и реакции на социјалните мрежи, но и реакција на администраторите.

Во еден момент  во образложението за тоа како се чита на македонски јазик името на  министерот  Османи  беше напишано „Бугар Осамени“. Потоa следea и други промени.






Во еден момент можеше да се види дека покрај сликата наместо името стоеше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар Османов).

Само за неполн час беа направени 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик.

Во еден момент реагираа администраторите и ги избришаа навредите. Моментално профилот е со оригинална содржина.

Поврзани содржини