„НЕКА КАЖЕ КОЈ ЈА ПРИТИСКА“ Ковачевски бара Беса Адеми да каже име и презиме

543

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека „никогаш не ја запознал во капацитет на својата дејност“ претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и дека секој треба да каже со име и презиме доколку од некого бил под притисок.

– Не сум го запознал никогаш претседателот на Врховниот суд во капацитет на својата дејност, бидејќи се одвоени извршната и на судската власт. Доколку кој било бил под притисок од кого било, тоа треба да го каже со име и со презиме – рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан за вчерашните критики од страна на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по случувањата поврзани со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која е на чекор до разрешување по постапката од Судскиот совет.






Премиерот вели дека „е во ред ставот на амбасадорот, но дециден е ако има притисок, треба да се каже со име и презиме“.

За падот на владеењето на правото како што рече Јан Коп, „Ковачевски упатува на тие кои што се задолжени за владеењето на правото“.

Поврзани содржини