НЕКА БИДЕ ШАРЕНО! Пробајте го најздравиот начин на исхрана за срцето, мозокот и превенција на ракот
Се верува дека 600 грама овошје и зеленчук дневно би биле доволни за да се спречи една третина од срцевите заболувања. Но, исхраната базирана на овошје и зеленчук може да го намали ризикот од развој и на голем број други болести, од дигестивни и респираторни нарушувања до катаракта или разни форми на тумори.
Кога станува збор за улогата на боите во исхраната, не постои еден, туку десетици различни пристапи и начини за групирање на храната според бојата и нивните ефекти врз здравјето. Од хромотерапискиот или ајурведскиот пристап до поновите теории кои се базираат на серија истражувања развиени во САД на почетокот на овој милениум или диетите кои се лансираат пред летната сезона на голи тела и костими за капење.
Она што е заедничко за сите овие пристапи е дека е важно исхраната да биде што е можно пошарена и што е можно повеќе бои да бидат застапени во менито.
Нека биде шарено
Бидејќи боите се најзастапени меѓу зеленчукот и овошјето, ова исто така значи дека нашата исхрана, за да биде што е можно поздрава, треба да се базира на овие групи на намирници.
Ова го потврдуваат и податоците од Светската здравствена организација, според кои соодветниот внес на овошје и зеленчук би ја променил светската мапа на распространетост на срцевите заболувања. Се смета дека 600 грама овошје и зеленчук дневно би биле доволни за да се спречи една третина од срцевите заболувања и 11 проценти од срцевите или мозочните удари.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.