Негативни на коронавирус седумте пациенти што се тестираа денеска

232

Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.






– Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, се наведува во соопштението.

Подоцна Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани е негативен на коронавирусот.

„И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори. Сите 7 лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.“

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во градот и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози кои што се веќе таму.

Поврзани содржини