Нефи Усеини и брат му спроведени во охридскиот затвор

809

Нефи Усеини, советникот од ДУИ во општината Охрид, и неговиот брат се спроведени во затворот во Охрид, потврдија од МВР за Плусинфо. За двајцата е одреден осумдневен притвор.

За повеќе детали околу приведувањето и во врска со тоа дека, неофицијално, браќата Усеини, по шестдневното бегство, сами се пријавиле во затворот, од полицијата упатуваат на Обвинителството.






Делата се поврзани со тепачката во Охрид, откако Спирко Топалоски ги обвини дека го натепале и дека му се заканувале со пиштол.

Нефи Усеини, во меѓувреме, отворил нова фирма во Битола за производство на градежни материјали.

Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е отворена со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител.

Поврзани содржини