НЕДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ И ПРЕВРАБОТЕНОСТ ВО „ВОДОВОД“ Репрезантацијата и спонзорствата зголемени за 464 и за 451 отсто!

Во првите 9 месеци има наплата од само 684 милиони денари, што значи дека 57,6 отсто од фактурите се наплатени, укажа градскиот советник Луке Галевски.

3,587

Зголемени трошоци за вработувања, превработеност, исклучително слаба реализација на наплатата, недомаќинско работење во Јавното претпријатие „Водовод“ открил извештајот за работата на ова претпријатие во првите 9 месеци од годината, изјави Луке Галески, советникот во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Советот.

Галески потенцираше дека извештајот за претпријатието остава простор и за ревизија на самото негово работење, особено што има загрижувачки тенденции во овие девет месеци.






– Во годината се книжи 1,2 милиони денари приход, но она што шокира е фактот што за овие исти пари во годината, во овие 9 месеци има наплата од само 684 милиони денари, што значи дека 57,6 отсто од фактурите се наплатени – нагласи Галески, додавајќи дека 40 отсто од ненаплатени фактури се од компании, веројатно повластени.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и на зголемувањето на трошоци за репрезентација во компанијата за464 отсто, а за спонзорство и донации за 451%. За три телефони се трошени по 1.000 евра.

Поврзани содржини