НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД ВО ПОНЕДЕЛНИК Жичарницата ќе работи редовно

Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат 3 билетарници на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

19

ЈСП Скопје ја инормира јавноста дека во понеделник, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат 3 билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.






Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 – 17.30 часот е последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле.

Поврзани содржини