НЕДЕЛАВА СТАПУВААТ НА СИЛА ГЛОБАЛНИТЕ ЦАРИНИ ОД 15% НА ТРАМП За пет месеци се враќаат одмаздничките стапки
Врховниот суд на САД на 20 февруари донесе одлука со која се поништува широк спектар на реципрочни глобални царини наметнати од претседателот Доналд Трамп според Законот за федерално управување со вонредни состојби од 1977 година (IEEPA).
Неодамна објавената глобална царина од 15% од претседателот Доналд Трамп веројатно ќе биде спроведена оваа недела, изјави министерот за финансии на САД Скот Бесент.
На сила сега се глобални царини со стапка од 10%.
Бесент, исто така, најави дека американските царински стапки, до август, ефикасно ќе се вратат на нивото од пред одлуката на Врховниот суд за нивно укинување.
– Цврсто верувам дека царинските стапки ќе се вратат на нивната стара стапка во рок од пет месеци – рече Бесент во интервју за CNBC.