НЕЧЕСНО Е ЕДНА ЦЕЛА НАЦИЈА ДА СЕ ОКВАЛИФИКУВА КАКО ФАШИСТИЧКА Заев е за пријателски амбиент со Бугарија

Непријатно е чувството да ве именуваат како фашистички окупатор. Во европските учебници, во духот на европските манири, се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот, вели Заев.

1,262

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во емисијата 24 анализа во врска со релациите со Софија истакна дека политиката не може да се меша со историјата, ниту нешто да смени. Тој вели дека ако сака да се гради пријателство и добри односи, треба да се изгради и пријателски амбиент. Тој вели дека остануваат спомениците како потсетник на фашизмот, но дека е нечесно да се оквалификува една цела нација како фашистичка.

– Непријатно е чувството да ве именуваат како фашистички окупатор. Во европските учебници, во духот на европските манири, се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот. Целта ми е градејќи сите тие односи, да внимаваме на начинот на кои ги општиме работите сѐ со конечна цел да градиме едно пријателство– рече Заев.






Премиерот вели дека учат, но може дополнително да истражуваат за историјата. Именувајќи бугарски фашистички окупатор, тоа рефлектира кон цела една нација, и тоа е горчина за бугарскиот народ.

Поврзани содржини