НЕ ЗНАМ ЗА ИЗБОРИТЕ, АМА ВО ЗЕМЈАВА ГО ИМА Агелер вели дека руско влијание има во целиот регион

Не ми е познато некое конкретно влијание врз изборите, но уверена сум дека го има бидејќи, генерално, го има во овој регион – рече амбасадорката на САД.

1,210

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер рече дека не ѝ е познато некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава, но рече дека генерално тоа е присутно во земјава.

– Не ми е познато некое конкретно влијание, но уверена сум дека има бидејќи, генерално, го има во овој регион. Најважно е, како што се приближуваме кон предизборниот период, граѓаните на државата да поставуваат прашања кон кандидатите и кога ќе гласаат да размислуваат за своите приоритети. Тоа е најважно. Важно е да се едуцираат за процесот и кандидатите без разлика кој се меша. Тоа е најмоќната алатка што ја имаат – рече Агелер.






Агелер ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање на настанот на кој заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири потпишаа меморандумот за спроведување на програмата „Фулбрајт“ за академска размена.

 

Поврзани содржини