НЕ ЗНАЕВМЕ ДЕКА НЕ СМЕЕМЕ ДА ПРОДАВАМЕ ТЕКСТИЛ Сопственикот на бутикот „Шејн“ тврди дека не е сопственик на дивоградбата на улица Македонија

506

Сопствениците на бутикот „Шејн“ на улица Македонија во центарот на Скопје, за кого денеска објавивме дека започнал сам да ја урива дивоградбата, ни испрати демант во кој се вели дека локалот бил во сопственост на друга компанија, а тие само го изнајмиле просторот со Договор за закуп.

Во продолжение ви го пренесуваме демантот во целост:






„Во врска со Вашата објава на Вашиот ценет медиум каде се пишува ‘Сопственикот на бутикот Шејн денес започна со отстранување на доградбата на улица Македонија’ би сакале да ја демантираме оваа информација. Локалот кој го споменувате е во сопственост на друга компанија од која ние го ние го изнајмивме со Договор за закуп, без притоа да ни биде посочено дека не смее да се врши продажба на текстил што нѐ доведе до оваа ситуација. Нашата компанија и брендот ‘Шејн’ е странска инвестиција во Македонија, нашите планови се долгорочни, а нашите стандарди и вредности по кои се водиме е да се почитува домашната регулатива во целост.

Натписите кои ги прочитавме ги сметаме за тенденциозни и му штетат на угледот на брендот ‘Шејн’, ние како компанија која се занимава со продажба на текстил неколку пати ја комунициравме општината за решение за ситуацијата во која се најдовме, по што од страна на закуподавецот добивме информација дека сам ќе ја отстрани терасата во средина на јануари а нашиот закуп тука ќе заврши.

Уште еднаш нагласуваме дека ‘Шејн’ не е сопственик на локалот ниту на терасата и дека без да ни биде посочено во Договорот за закуп од страна на закуподавецот дека не може да се врши нашата дејност.

Сакаме да им се извиниме на нашите потрошувачи и граѓаните за ситуацијата во која се најдовме, но наскоро може да очекуваат дека бутикот ‘Шејн’ повторно ќе биде достапен во центарот на градот“, наведено е во демантот.

СОПСТВЕНИКОТ САМ СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА Почна уривањето на дивоградбата на бутикот „Шејн“ на улица „Македонија“

Поврзани содржини