„НЕ ЗНАЕМЕ ВЕЌЕ ШТО ДА ПРАВИМЕ, ЕДВАЈ СТОИМЕ НА НОЗЕ“ Семејството на исчезнатата Данка во агонија

Потрагата по девојчето влегува во критична фаза. Српските медиуми претходно објавија дека мајката на Данка на денот на исчезнувањето бришела пораки и повици од мобилниот и тоа се покажало со вештачењето. 

566

Семејството на исчезнатото девојче од Бор, Данка Илиќ е во агонија.  Таа има само две години и исчезна во вторникот, по што полицијата трага по неа.

Истрагата сега се насочи кон испитување на родителите Милош и неговата сопруга Ивана.  Се очекуваат и форензичките наоди од мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ, како и базните станици и камерите за видео надзор.






Некои од нив се дека можеби паднала во блискиот канал долг 4,5 километри, кој полицијата и пожарникарите го прегледаа, но се стравува и од киднапирање.

Нема одговор на прашањето кој би бил мотивот за можното киднапирање на двегодишното дете.

Дедо на двегодишното девојче вели дека веќе не знаат што да прават.

– Чувствуваме како да ќе умреме, пет дена не знаеме каде ни е Данка. Жена ми е болна од стрес, не знаеме веќе што да правиме. Едвај стоиме на нозе, многу сме загрижени – вели дедото.

Потрагата по девојчето влегува во критична фаза. Српските медиуми претходно објавија дека мајката на Данка на денот на исчезнувањето бришела пораки и повици од мобилниот и тоа се покажало со вештачењето.

Поврзани содржини