НЕ ВЕТУВАМЕ ЧУДА, ТУКУ РЕШЕНИЈА Минчев најави дека ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи на изборите
За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити, рече Минчев на средби со граѓаните.
Вистинската сила е во народот и ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето, рече денеска на генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев на средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и во Кичево.
– Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити – истакна Минчев.
Средбите во овие две општини, во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“ беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и со претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се иселувањето на младите, нефункционалната администрација, недостатокот на инфраструктурни инвестици и потребата од децентрализација.
– Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив – порача Минчев.
Минчев најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.
– Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат – додаде Минчев.
Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.
Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати, соопшти партијата.