НЕ Ѝ ВЕРУВАЈТЕ НА ИВАНА Измамничка си јадела и си пиела на сметка на Општина Ѓорче Петров

Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување на фактура - нагласуваат од општината.

2,161

Општина Ѓорче Петров информира дека извесна Ивана во име на Општината и во име на градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и се појавувала во угостителски објекти и нарачувала храна и пијалаци, наводно за општината и за градоначалникот.

– Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување на фактура – нагласуваат од општината.






Оттаму додаваат дека се преземени дејствија од страна на Општина Ѓорче Петров во однос на прибирање на сите докази и пријавување на случајот до надлежните органи.

„Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено Договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги. Целосно се оградуваме од постапките на лицето и апелираме до угостителските објекти да не подлегнуваат на измамата. Доколку се соочат со истата бараме да бидеме веднаш известени на контакт бројот во Општина Ѓорче Петров, 02 20/44-411, или на [email protected], како и да го пријават случајот во полиција“, соопштуваат оттаму.

Поврзани содржини