НЕ УПАДНАВМЕ КАЈ ПРАТЕНИКОТ, ТУКУ КАЈ ВРАБОТЕН ВО ЕВН Финансиска полиција тврди дека вршела претрес по налог на суд
Таткото на пратеникот е вработен како раководител на Секторот за јавни набавки во ЕВН.
Управата за финансиска полиција тврди дека не упаднале во домот на пратенијот Јован Јаулески, тку во фирма во Скопје по налог на судот.
– Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јован Јаулески ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје – велат од Управата во пишано соопштение до медиумите.
Оттаму нагласуваат дека Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица.
„Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела“, соопшти Управата за финансиска полиција.
Таткото на пратеникот е вработен како раководител на Секторот за јавни набавки во ЕВН.
Утринава, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала финасиска полиција.