НЕ ТРЕБАШЕ МНОГУ РАЗМИСЛУВАЊЕ КОГА МИ СЕ ЈАВИЈА Владан Милојевиќ се враќа како тренер на Црвена ѕвезда

Кога заминав реков дека Црвена ѕвезда секогаш може да смета на мене. Немаше многу размислување кога дојде овој повик, изјави Милојевиќ на промоцијата.

209

Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда денеска официјално го претстави Владан Милојевиќ за нов тренер, на местото на израелскиот стратег Барак Бахар.

Милојевиќ потпиша две и полгодишен договор со белградска Црвена ѕвезда на чија клупа седеше од 2017 до 2019.






– Кога заминав реков дека Црвена ѕвезда секогаш може да смета на мене. Немаше многу размислување кога дојде овој повик – изјави Милојевиќ на промоцијата.

На неговиот претходник Бахар му беше врачен отказ по елиминацијата во Лигата на шампиони и завчерашниот прволигашки пораз (2-1) од градскиот ривал Партизан.

Поврзани содржини