НЕ СУМ СЕ ДОГОВАРАЛ СО МИЈАЛКОВ, СРАМОТА Е ДА ИМА ШПЕКУЛАЦИИ Заев ги демантираше гласините, „го ризикував животот за да ги обелоденам бомбите“

Заев вели дека го ризикувал својот и животот на своите блиски за да ги обелодени материјалите за незаконското прислушување и дека е срамота да има вакви шпекулации.

2,323

Поранешниот премиер Зоран Заев за Фокус ги демантираше шпекулациите дека наводно се договарал со Сашо Мијалков во врска со осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Преспанскиот договор. Тој вели дека го ризикувал својот и животот на своите блиски за да ги обелодени материјалите за незаконското прислушување и дека е срамота да има вакви шпекулации.

– Тоа може да го зборуваат само луѓе што се занимаваат со шпекулации и лаги. Секогаш сум бил транспарентен за сѐ додека бев во политиката. Пратениците гласаа по сопствено убедување и нивните изјави беа насекаде низ медиумите –изјавил Заев за Фокус.






На социјалните медиуми деновиве се појави една стара изјава од Зоран Заев од 2019 година каде тој наводно потврдува дека Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за договорот.

– Сашо Мијалков зборуваше со пратеници поради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал – гласи изјавата.

Поврзани содржини