НЕ СТИВНУВА ПЕКОЛОТ ВО ГАЗА Пронајдени десетици мртви тела по израелска операција 

Цивилната одбрана на Појасот Газа објави дека под урнатините во соседството се наоѓаат „телата на околу 60 маченици“.

158

Десетици тела се пронајдени по израелската операција во кварт на градот Газа, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на цивилната одбрана на палестинската територија.

Израелската армија објави дека ги завршила операциите во населбата Шуџанија, во која беа уништени осум тунели на Хамас и елиминирани десетици терористи, се наведува во соопштението на израелските сили.






По нивното повлекување, цивилната одбрана на Појасот Газа објави дека под урнатините во соседството се наоѓаат „телата на околу 60 маченици“.

85% од становите во Шуџанија се непогодни за живеење. Израелските сили во средата ги повикаа жители да се евакуираат. Според ОН, станува збор за 300.000-350.000 луѓе.

Поврзани содржини